Уметнички филмови нон-стоп
16 февруари 2012На видео уметниците не им е лесно. На големите фестивали нивните трудови се ставаат на втор план. Затоа Маркус Крајс и Алек Крајтн го основаа ТВ каналот Souvenirs from Earth.TV кој преку кабловска мрежа ги прикажува уметничките филмови во полна должина.
„Клоуд куко ланд“ – се вика филмот на уметничката двојка од Њујорк Ерик Московиц и Аманда Трегер.Станува збор за комбинација на видео опера и музички клип. Мајката и таткото, кои ги играат авторите на филмот, расправаат, пеејќи, пред камерата за воспитување на децата и претстојната преселба. Филмот е претставен на бројни фестивали и изложби. Сега се прикажува на програмата Souvenirs from Earth.TV.
„Седам во студиото во Келн и се обидувам да набавам што повеќе број квалитетни видео трудови за нашата програма. Целиот ден сум во потрага по интересни работи, комуницирам со уметниците, одговарам на мејловите, посетувам разни биенале манифестации и филмски фестивали”, вели Алек Крајтн.
„Сувенири од земјата“ е прв ТВ канал кој 24 часа прикажува уметнички филмови, музички видео трудови, документации за инсталациите и перформансите. Во изминатите четири години прикажани се 1.500 трудови, а програмата можеше да се следи и на германската и на француската кабловска телевизија. Алек Крајтн, задолжен за квалитетот на програмата која се емитува вели: „Како уметник се потпирам на интуицијата, но изборот на трудовите се базира исклучиво на искуството. Се обидувам да пронјдам нешто во духот на нашето време, што ни ги проширува хоризонтите на перцепцијата.“
На крајот на видеото, „Клоуд куко ланд”, на екранот се емитува цитат на Нам Јуне Паик, кој се смета за татко на видео уметноста: „Телевизијата не´ напаѓаше целиот живот, сега ние возвраќаме удар и правиме сопствeнa телевизија“.
Автор: Сабине Елце/ Светлана Брик
Редактор: Александра Трајковска