1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уметниците го обоија градското сивило во Гватемала

Елена Ерн/ Александра Трајковска 19 април 2012

Берлинскиот уметник Џим Авињон одамна црта ѕидови. Сега тој учествува во иницијативата на Гете институтот од Мексико и со локалните уметници во Гватемала го разбија тамошното уличното сивило.

https://p.dw.com/p/14c1q
Фотографија: DW

Sидoт во центарот на Гватемала го очекува голема промена. Џим Авињон, заедно со локалните колеги сака да го претвори во галерија под отворено небо. Со недели Авињон патува низ централна Америка и со локалните уметници го уредува јавниот простор: Стритарт е иницијатива на Гете институтот во Мексико.

На неколку денови нови луѓе, нови околности, нови предизвици. Џим Авињон добро се снаоѓа со ѕидови. Впрочем, со неговиот незаменлив стил го разубавуваше Берлинскиот ѕид. Но, сега во прашање е менаџмент:

Треба добро да убедува, да дава совети и да има преглед над ситуацијата: „Во сцената е вообичаено ти да сликаш и другиот да ја слика неговата наредна слика, но малку се гледа како да се направи врската меѓу мојата и твојата слика? Или, би можело ли да се случи нешто формално, содржински, од аспект на боите меѓу нашите слики и целата работа да порасне поголема“.

Jim Avignon
Џим Авињон

13 уметници, 13 индивидуалисти. „Јас воглавно сликам латино луѓе, бидејќи овде во Гватемала жените имаат темни коси. Јас сликам само работи кои имаат некаква поврзаност со Гватемала“, вели Ес Берд.

Цртачот со спреј, кој се нарекува „Ес берд“, за проектот се пријави уште пред повеќе месеци преку Фејсбук. Сега токму на аголот каде што работи тој се поправа улицата. Ес берд е кул. Да смее „легално“ да црта графити, да ја покаже неговата уметност на централно место - тоа е предизвик за него. Имено графитите во Гватемала ги бие лош глас. „Луѓето мислат дека правиме нешто лошо, не сметаат за криминалци. Но, не сакаме никому да му нанесеме штета. Ние сакаме само малку да го накитиме градот, да му дадеме радост и боја“.

Имено црачите на графити како Ес Берд честопати будат сомнеж, дека припаѓаат на некои од младинските банди, т.н. „Марас“. Преку грфитите ги оставаат пораките, одбележуваат територии. Каде се тие, владее животна опасност.

Омаж за жртвите од насилство преку улична уметност

Најголемиот проблем на Гватемала е насилството, последиците од граѓанска војна, безперспективноста, сиромаштијата.

Жртви честопати се жените и децата. Тема со која се занимава уметникот Лили Акеведо. Нејзината работа е омаж за убиената Ариани. Девојчето било убиено на улица. Нејзиниот убиец е ослободен. „Ова во Гватемала за жал не е исклучок: убивање на деца и неказнувањето... Има многу исчезнати деца. Само месецов веќе исчезнаа 200 деца“, подвлекува Акеведо.

Стритарт може да разбуди и да провоцира, но и едноставно да биде убав. Не сите имаат политичка порака. „Можеби, бидејќи овде имаше традиција уличното сликарство да биде политичко и дека на тоа се гледа како против движење“.

Движење на кое општеството во Гватемала полека се навикнува.

„Кога цртаат нешто убаво, тогаш е во ред. Но, кога само шкртаат, тогаш им штетат на сограѓаните“.

„Мене ми се допаѓа“.

„Убаво е да ги гледаш и да ги прашаш: зошто воопшто го прават тоа?“

Уметност на едноставни, но талентирани луѓе

За да го уредуваат јавниот простор. Зошто да смеат да го прават тоа само оние кои имаат моќ и пари?

„Ако нема улична уметност, тогаш никој овде во Гватемала нема да може да види уметсност. Најмногу делата на големите уметници, кои постигнале нешто. Но, не и уметноста на можеби едноставните, но талентирани луѓе", Монер 2.

Прскање со спреј, лепење, сликање... Ниту еден музеј, ниту една галерија не е толку возбудлива колку улиците на градот.

„Постигнувањето на оваа тура е што од сите можни сцени собираме ралични луѓе на една маса или на еден ѕид и заедно, или барем едни крај други, да работат. Имено, вообичаено е цртачите на графитите да се дружат меѓу себе, графичките дизајери да остануваат во својот круг или, пак, слатките девојчиња да се меѓу себе“. Тие успеаја: заедно во Гватемала да изработат големо дело. На една земја со многу темни страни и подарија разиграност.