1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ултимаум за Германија

3 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHP

Киднаперите на двајцата Германци во Ирак и поставија нов ултиматум на Германија.Во видео снимка објавена на интернет тие бараат повлекување на Бундесверот од Авганистан во текот на следните десет дена.Како и во претходниот ултиматум,кој истече на средината на март,и овојпат се закануваат со убиство на заложниците.На снимката се гледа киднапираната Ханелоре Краузе.Таа ја моли сојузната влада да ги исполни барањата на грабнувачите.61 годишната жена беше грабната заедно со нејзиниот син на почетокот на февруари.Кризниот штаб во германското министерство за надворешни работи прави напори за ослободување на киднапираните.