1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

170510 Thailand Eskalation

17 мај 2010

Ситуацијата во Тајланд не се смирува. Од почетокот на ескалацијата на насилството, во четвртокот, досега загинаа најмалку 36 лица, меѓу кои и еден од водачите на „црвените кошули“.

https://p.dw.com/p/NPnL
Фотографија: AP

Офицерот кој премина на страна на демонстрантите, генерал мајор Катија Савасдифол, важеше за нивен воен советник. Тој беше убиен за време на едно интервју, како што се претпоставува, од снајпер.

Скорешно решение на насилничките конфликти во Банкок не е на повидок. Тајландската влада ја отфрли понудата за преговори на „црвените кошули“, зашто со нејзе беа поврзани многу услови. Противниците на владата бараа укинување на вонредната состојба и повлекување на армијата, а настојуваа да добијат и преговори со посредство на ОН. Портпаролот на владата Панитан Ватанајагон изјави дека е тоа внатрешно прашање на Тајланд и земјата сама ќе го реши: „Го отфрламе барањето на демонстрантите за посредство на ОН. Ниту една тајландска влада досега не дозволила мешање однадвор во внатрешните работи на земјата. Ние можеме сами да ги решиме проблемите, но подготвени сме да слушаме.“

NO FLASH Unruhe und Gewalt in Thailand
Фотографија: AP

Околу барикадите се пука

Уличните борби во центарот на талјандскиот главен град, во меѓувреме, продолжуваат. На повеќе места околу барикадите и натаму има престрелки меѓу војниците и демонстрантите. Бројот на загинати, како што е соопштено во меѓувреме, изнесува над 30, а повредени се околу 300 луѓе.

Особено жестоки борби, во моментов, се водат во близина на паркот Лимпини, меѓу зоната на „црвените кошули“ и финансискиот центар Силом. Во близина на споменикот на победата, вчеравечер стотици љубопитници до доцна во ноќта, од безбедно растојание ги набљудуваа препукувањата околу Сенчури Парк-хотелот. Но, со сема безбедно не беше: „Стоевме таму и одеднаш кон нас беа насочени рефлектори, по што брзо избегавме, зашто таму, на куќата, има снајперисти.“ - „Тоа таму е болница, воена болница. Како можат да дозволат оттаму да биде пукано врз нас? Тоа е лудо.“

NO FLASH - Bangkok Thailand Militär Straßenschlachten
Фотографија: AP

Рокот истекува

Тајландската влада им даде на демонстрантите рок до денеска попладне за завршување на протестите. Премиерот Абхисит Веџаџива ги нарече милитантните противници на власта - терористи. Тој вели дека армијата нема друга алтернатива освен да интервенира жестоко.

Во меѓувреме, протестите се шират и во други делови на Бангкок, а приврзаниците на „црвените кошули“ излегуваат на улиците и во околните провинции и бараат крај на насилството. Поради тоа, вонредна состојба е воведена во уште две провинции во земјата.

Автор: Бернд Муш-Боровска / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска