Улогата на Иран, според израелски проценки
21 јули 2006Иранската амбасада во Дамаск во моментов е претворена во главен штаб на Техеран во Сирија. Од таму се координираат воените акции на Хезболах против Израел, на борците во Либан им се ставаат на располагање воени системи и логистика, а иранскиот сојузник Сирија испраќа стратегиски инормации за Израел во форма на сателитски слики.
Овие проценки на израелските тајни служби деновиве масовно се шират преку медиумите, но не само таму: изарелскиот премиер Ехуд Олмерт и цврсто убеден дека Иран од сопствени причини го подгреал нападот на проиранската организација Хезболах врз израелските гранични позиции на 12 јули. Времето на нападот воопшто не е слуајно, вели Олмерт. Тој бил договорен со Иранците за да се оттргне вниманието на меѓународната заедница од иранската атомска програма. Точно е дека на тој ден режимот во Техеран се најде соочен со јасен ултиматум од САД, ЕУ, Русија и Кина: ако Техеран конечно не реагира на меѓународната понуда, конфликтот околу атомската програма веднаш оди во Советот за безбедност. За жал, трикот на Техеран функционираше, верува Олмерт:
„Единиците функционираат како терориститички организации со охрабрување и финансиска помош од влади што го помагаат тероризмот и кои се против мирот – тоа е грдиот пат на Техеран и Дамаск„.
Надворешно-политички владата на Израел скоро секој ден се обидува на меѓународната јавност да и укаже на таа оска, која американскиот претседател Џорџ Буш уште пред три години слично ја нарече. Шефицата на израелската дипломатија Ципи Ливини вели:
„Израел се бори за тоа да ја елиминира заканата од оската на тероризмот и омразата во која се Хезболах, Хамас, Сирија и Иран„.
Каао што се проценува во израелската влада, Хезболах би го напаѓал Израел уште пожестоко, до колку Иран веќе би имал атомско оружје.