1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украинското „Првенство во корупција“

Н. Мартин/Б.Георгиевски16 февруари 2014

Украина годишно губи повеќе милијарди евра поради корупција. Кирил Животовскиј знае како функционира неговата земја, затоа што тој советува претприjатија и организации кои сакаат да инвестираат во Украина.

https://p.dw.com/p/1AzOK
Фотографија: Fotolia/Natalia D.

На Кирил Животовскиј му е преку глава од тоа што секоја година се одлеваат Најголема желба на овој 31. годишник е Украина да се интегрира во ЕУ. Во корупцијата тој гледа најголема пречка на тој пат. Затоа се бори против неа - со оригинални методи.

Еден милион евра во пламен. Толку пари губи Украина секој час поради корупција, вели активистот Кирил Животовскиј. „Ние не сме против еврото или против ЕУ. Ние сме против корумпираните луѓе кои упропастуваат наши пари“. Лажни пари - јасна порака.

„Пораката од нашата денешна акција гласи: Европејци, кога ќе им дадете пари на украинските политичари, евра или гривни се’ едно, внимавајте. Оти голема е веројатноста, 100 процентно е сигурно, дека тие ќе се обидат парите да ги украдат“.

Кирил Животовскиј е самостоен консултант. Тој им помага на претприемачи кои сакаат во Украина да основаат бизнис. Во слободно време се ангажира во невладината организација „European Choice“. Тој има намера да ја сузбива корупцијата со невообичаена кампања наречена: „Првенство во корупција“.

„Вообичаените средства како преговори, семинари, работилници не носат ништо. Затоа сакавме преку една симболична акција да им го свртиме вниманието на Украинците кон овој проблем. Единствениот совет кој можеме да го дадеме гласи: Не плаќајте мито“.

Повеќе од 500 луѓе пријавиле случаи на корупција на интернет-страницата за неговото првенство. Биле избрани 12 финалисти: политичари, црковни претставници, ректори... Некои од нив Кирил и неговите колеги симболично ги испраќаат со балони надвор од Украина.

Конвенционалните средства не помагаат

Ваквите акции Кирил не ги презема од задоволство. Тој смета дека само на овој начин може да се смени свеста на луѓето во однос на корупцијата. Законите сами по себе, според него, нема да помогнат.

„Промените нема да дојдат од горе. Со акциите со балоните, фотографите или со палењето пари, сакаме да го освестиме народот. Ние немаме никакви ресурси, но тоа не не’ чини многу, а ги привлекува новинарите. Тие известуваат за проблемот. Така будиме интересирање кај луѓето за оваа тема“.

Плоштадот на независноста во Киев, познат како Мајдан. Надежите на милиони Украинци за промени во земјата се поврзувааат со ова место. И Кирил е оптимист.

„Верувам во младата генерација, во луѓето кои се на моја возраст или помлади. Тие патуваат во Европа, го гледаат светот и ги сфаќаат неправилностите во Украина. Тоа создава позитивна енергија“.

Кирил често патува во Полска и во балтичките држави. Тој сака и неговата татковина да се приклучи кон ЕУ. Затоа сака и самиот да придонесе, конечно и во Украина да тргне на подобро.