1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина не смее да биде оставена сама на себе

Инго Мантојфел Превод: Симе Недевски23 јануари 2014

Состојбата во Киев ескалираше. ЕУ и Русија сега мораат заедно во Украина да го спречат најлошото, смета Инго Мантојфел, уредник на редакцијата на руски јазик на Дојче веле.

https://p.dw.com/p/1AvUH
Фотографија: Reuters

Неколку убиени демонстранти во уличните судири во Киев се привремениот трагичен зенит на конфронтациите меѓу Евромајдан-активистите и безбедносните сили на претседателот Виктор Јанукович кои траат со месеци. Уличната борба во Киев сега е во полн ек. Меѓутоа уште на крајот од минатата недела пораснаа стравувањата дека судирите би можеле да се заострат и оти можно е дури и полошо. Со новите репресивни закони кои значително ги ограничија правото на демонстрации и други протестни мерки, претседателот Јанукович јасно се постави за ескалација на конфликтот.

Стратегијата на ескалација на Јанукович

Наместо со умерените лидери на опозицијата од Еуромајдан да се водат искрени преговори во периодот околу Нова година, изненадувачки донесените закани беа објава на војна против Украинците кои со месеци протестираат против Јанукович. Последица на тоа беше поделба во протестното движење против Јанукович. Порадикалните и на насилство подготвени демонстранти ги обвинија опозициските лидери како Витали Кличко дека стратегијата им пропаднала и повикаа на насилство против украинскиот државен апарат.

Украина дојде на работ на граѓанска војна. Тоа е последицата од радикализацијата на демонстрантите и стратегијата на ескалација на Јанукович. Протестите започнаа мирно во ноември, откако Јанукович не го потпиша Договорот за асоцијација со ЕУ.

Во меѓувреме не станува збор само за приближувањето кон ЕУ туку во основа за опстанокот на власта на Јанукович, кој со репресивните закони и бруталното постапување на безбедносните сили ја докажа својата демократска неспособност. Поради тоа да се чекаат редовните претседателски избори на пролет 2015. година вооопшто не е решение за актуелниот конфликт.

Ingo Mannteufel
Инго Мантојфел, уредник на редакцијата на руски јазик на Дојче велеФотографија: DW

ЕУ и Русија мора да дејствуваат

Политика која се залага Украина да биде оставена сама на себе е исклучително опасна. Јанукович и лидерите на опозицијата, доколку сѐ уште воопшто можат да зборуваат во името на сите демонстранти, постојано си разменуваат меѓусебни обвинувања и тешко би можело без замешување од надвор да постигнат некакво решение. Ако се сака да се спречи проширување на насилството, во чиј замав Украина би можела да се лизне во состојба налик на граѓанска војна, тогаш ЕУ и Русија сега мора заеднички да дејствуваат.

Со оглед на комплексната состојба на интереси, нејасната претстава за целите во европската политика кон Украина и пред сѐ размислувањето во Русија кое преовладува во надворешно политичките игри на нулта сума, тоа воопшто не е лесна задача. Примерот на Сирија на најстрашен начин покажа , што може да се случи, кога меѓународната заедница поради меѓусебните разлики останува неактивна.

Меѓутоа токму случајот Сирија штотуку јасно покажува, дека притисокот од Западот и прагматичната политика со Русија може да води кон политички решенија.

Со други зборови ЕУ би требало конечно да му се закани со санкции на режимот на Јанукович, зашто лизнувањето на Украина во состојба налик на граѓанска војна не е во интерес ни на Русија ниту на Западот Затоа веднаш ЕУ мора да вложи дипломатски напори во насока на Русија. Во текот на актуелната конференција за Сирија во Монтро и за време на средбата на глобалната елита во швајцарски Давос би требало да има доволно можности за такво нешто со цел спречување на натамошна ескалација на ситуацијата во Украина.