1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен политичкиот лидер на Тамилските тигри

2 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C0OU

Политичкиот водач на тамилските бунтовници на Шри Ланка е убиен во воздушен напад на владините сили. Тамилселван бил убиен, во градот Клиночи, кога било бомбардирано местото на кое одржувале средба водачите на бунтовниците. Во нападот биле убиени уште петмина други високи офицери. Тамилселван ги претставуваше бунтовниците на мировните разговори со владата и одржуваше контакт со норвешките посредници.