080809 Indonesien Terror
8 август 2009Полициската акција од изминатата ноќ беше пренесувана на индонезиската телевизија како „брејкинг њус“. Специјалните сили на индонезиските анти-терористички единици, ноќеска прво претресле една работилница во Темангунг, во централна Јава и притоа дошло до престрелка со три или четири лица кои се наоѓале таму. Полицијата се‘ уште не потврдила дали меѓу повредените или убиените е и Нордин Топ. Тој е обвинет за голем број терористички напади во изминатите години, меѓу кои и бомбашките напади на островот Бали во 2002 и 2005 година, нападот врз хотелот Мариот и врз австралиската амбасада во Џакарта во 2003 и 2004 година.
Важен успех во борбата против тероризмот
Тој важи за клучна фигура во борбата против тероризмот во Југоисточна Азија, вели експертот за тероризам, Роан Гунарата:
„Апсење или убиство на Нордин Топ би бил важен успех за заштита на националната безбедност во Индонезија. Во спротивно, би морало да се смета со натамошни напади, зашто Нордин Топ е водач на една од најопасните групи што се отцепија од Џама Исламија. “
Автор: Бернд Муш Боровска/ Елизабета Милошевска Фидановска
Редактор: Симе Недевски