1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен контроверзниот новинар Пуканиќ

Агенции / С.Н.24 октомври 2008

Во експлозија на бомба поставена под автомобилот на новинарот на неделникот Национал, загина Иво Пуканиќ, и Нико Фрањиќ вработен во групацијата која го издава Национал. Уште две лица беа повредени во нападот.

https://p.dw.com/p/Ffq7
Автомобилот на ПуканиќФотографија: AP

Хрватска повторно е во шок, откако само пред неколку недели беше соочена со слична мафијашка ликвидација на Ивана Ходак, ќерка на адвокатот на контроверзниот хрватски бизнисмен и поранешен генерал Владимир Загорац.

Политичарите одново најавија пресметка со мафијата и организираниот криминал. Хрватскиот претседател Стипе Месиќ по убиството на Пуканиќ и Фрањиќ истакна дека тероризмот влегол на улиците на главниот град на Хрватска. Месиќ за денеска закажа итна седница на Советот за национална безбедност, на која се поканети претставници на сите парламентарни партии.

Премиерот Иво Санадер пак порача: „Без оглед колку би звучела тешко оваа изјава што ќе ја кажам сега јас сепак ќе ја кажам, нема да дозволиме Хрватска да стане Бејрут.“

Иво Пуканиќ беше еден од најконтроверзните новинари во Хрватска. Тој не ги криеше своите блиски односи како со највисоките политичари, така и со луѓето во хрватското криминално подземје. Тој во 2003-та објави интервју со генералот Анте Готовина, обвинет за воени злосторства од страна на Хашкиот трибунал, кој во тој момент беше во бегство.