Убиени пет странски туристи во Етиопија
18 јануари 2012Реклама
Непознати вооружени лица убиле петмина странски туристи во северната област Афер во Етиопија, јави националната телевизија.
Според официјалните информации, една од жртвите е германски граѓанин, додека останатите четворица се од Унгарија, Белгија, Италија и Австралија.
Властите во Етиопија обвинија дека напаѓачите влегле во земјата од соседна Еритреја и дека се работи за бунтовничка група која била тренирана од тамошната влада. Владата во Еритреја ги демантираше овие информации.
Бунтовниците киднапирале четири лица, од кои двајца биле странци. Претходните извештаи говореа и за двајца тешко ранети, но таа вест засега не е потврдена.
Автор: БГ/ АТ/ ап
Редактор: Ж. Ацеска