1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убивањето како бизнис

8 јуни 2009

Глобалните трошоците за вооружување во 2007 година изнесуваат 1.340 милијарди долари - се вели во извештајот на СИПРИ од Стокхолм. Што се однесува до трговијата со оружје, Германија е на третото место, пред САД и Русија.

https://p.dw.com/p/I5bq
14 војни во светот го поткрепуваат бизнисот со оружјеФотографија: AP

Минатата година трошоците за вооружување се зголемени. Ова стана веќе вообичаена порака од годишниот извештај на Институтот за истражување на мирот од Стокхолм. Од извештајот претставен денеска (08.06.2009) во Стокхолм може да се заклучи дека ниту 2007 година не е исклучок.

1.340 милијарди долари - толку пари потрошиле земјите ширум светот за вооружување, а најмногу, околу 45 проценти од овие средства, им припаѓаат на САД. Во 2007 година, воениот буџет на земјата изнесувал 547 милијарди долари, што претставува рекорд од Втората светска војна наваму. Особено војната во Ирак скапо ја чинеше државната каса.

Според бројките објавени од СИПРИ, по САД следуваат Велика Британија, Кина и Франција со приближно слични воени буџети, меѓу 53 и 60 милијарди долари. Германија, со 36.9 милијарди долари, или 24 милијарди евра, се најде на шестото место, дури и пред Русија.

Со оглед на огромните залихи на оружје на глобално ниво, раководителот на Сипри, Бејтс Гил, смета дека повторното воведување контрола на вооружувањето е „особено важно“. Скоро и да немало напредок во оваа област, се вели во извештајот на СИПРИ.

Сметките не се секогаш транспарентни

Schweden Logo Friedensforschungsinstitut SIPRI
Логото на СИПРИ, институт основан од шведската влада во 1966 година

Што се однесува до трговијата со оружје, лидери на пазарот се САД и Русија, додека на третото место се наоѓа Германија. Земјата има учество од десет проценти на светскиот пазар.

Кај годишниот извештај што го објавува СИПРИ, проблематични се бројките што земјите ги ставаат на располагање. Кога се работи за трговија со оружје, не сите земји се толку транспарентни. На пример, бројките што ги претставуваат Пакистан или Русија секогаш мора да се земаат со резерва. Во извештајот на СИПРИ, Пакистан воопшто не се појавува на листата на петнаесетте земји, кои дале најмногу пари за вооружување, што, во суштина, не ја отсликува вистинската состојба.

Во споредба со 2006 година, бројот на војни што се водат ширум светот останал непроменет. Според институтот од Стокхолм, во 2007 година, во светот биле активни четиринаесет воени конфликти. Тука се вбројува и „војната против тероризмот“ на САД, што ја почна поранешниот американски претседател, Џорџ Буш.

Тоа што во сферата на меѓународната контрола на вооружувањето се прави нешто, дава надеж, се вели во извештајот на Институтот за истражување на мирот од Стокхолм. Според Институтот, надежта е оправдана, пред се‘, поради проментите политички констелации. Притоа, истражувачите на мирот мислат пред се‘ на САД:


Автор: Албрехт Брајтшу / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска