1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убедлив настап на Германија

З. Јордановски27 март 2008

Со победата над Швајцарија во Базел со 4 спрема 0, Германија најави кандидатура за титулата на претстојното Европско првенство. Одиграни повеќе пријателски меѓудржавни фудбалски натпревари. БиХ - Македонија 2 спрема 2.

https://p.dw.com/p/DVet
Од натпреварот Швајцарија - ГерманијаФотографија: AP

На 74 денови пред нејзиниот прв настап на Европското првенство, што ќе се одржи во Австрија и Швајцарија, Германија остави силен впечаток и се рехабилитира за неколку претходни послаби настапи. „Сакавме да го добиеме натпреварот и успеавме во тоа. Знаевме дека не воодушевивме во последните натпревари, дека не се движевме премногу. Денеска тимот покажа волја да се добијат дуелите и тоа на крајот беше наградено“, изјави Марио Гомес, двоен стрелец за Германија. Првиот гол, инаку го постигна Клозе, а последниот Подолски.

Капитенот Михаел Балак беше задоволен од играта на тимот: „Мислам дека е ова многу добро постигнување. Швајцарците сами рекоа дека сакаат да бидат европски прваци, во последно време постигнаа и многу добри резултати. Оттука, ова денеска е добар резултат“.

Драматичен пресврт – Австрија испушти победа над Холандија

Швајцарците потфрлија и не ги оправдаа оптимистичките амбиции за шампионатот на континентот. Вториот соорганизатор Австрија исто така загуби, но барем во еден дел од натпреварот против Холандија покажа дека може да биде сериозен противник за наводните фаворити. Австријците уште во првото полувреме остварија водство од 3 спрема 0 и никој во тој момент не претпоставуваше дека ќе дојде до целосен пресврт. На крајот Холандија победи со 4 спрема 3. Голманите во обете екипи не се прославија.

Резултати од другите средби

Франција ја совлада Англија со 1 спрема 0, а со истиот резултат Шпанија ја победи Италија. Полска дома загуби од САД со 3 спрема 0. Романија ја победи Русија со 3 спрема 0. Данска и Чешка игаа нерешено 1 спрема 1, исто како и Шкотска и Хрватска. Грција ја совлада Португалија со 2 спрема 1 во средба одиграна во германскиот град Диселдорф. Бугарија дома загуби од Финска со 2 спрема 1, Украина ја совлада Србија со 2 спема 0. Црна Гора забележа победа над Норвешка со 3 спрема 1. Македонија и’ гостуваше на Босна и Херцеговина – средбата во Зеница заврши 2 спрема 2. Занимливо е дека сите голови се постигнати во првото полувреме.