Убедлива победа против Турција
5 септември 2007Реклама
Еден ден по тешката победа против Чешка, европскиот вице-првак постигна неочекуван убедлива победа против Турција. Супер-ѕвездата Дирк Новицки со 24 кошеви повторно беше најдобриот поединец во германската репрезентација. По натпреварот Новицки кусо изјави:
„Вака треба да играме ако сакаме нешто да постигнеме. Денес игравме со срце и игравме одлично„.
Неговиот соиграч Митхат Демирел со слична оценка:
„Токму тоа го посакувавме и го постигнавме на теренот, што на Турците не им успеа. На крајот сиот напор се исплаќаше„.
Денеска Германија го игра последниот натпревар во групата против кандидатот за титулата европски првак – Литванија.