Уапсен Џорџ Клуни!
16 март 2012Џорџ Клуни, познатата филмска ѕвезда, го игнорирал предупредувањето да ја напушти територијата на амбасадата, по што му биле ставени лисици на рацете и бил приведен во полициското возило. Заедно со него бил уапсен и неговиот татко Ник.
Клуни бил заедно со луѓето кои протестирале поради вооружените акции на суданската влада против сопствениот народ. Владата во Картум мора да престане да го убива, силува и изгладнува својот народ, изјави Клуни пред телевизиските камери пред суданската амбасада во Вашингтон.
Клуни со години се ангажира за правата на луѓето во Судан и во средата (14.03 во расправата во Конгресот предупреди од хуманитарна криза во областа на границата кај Јужен Судан. Тој неодамна бил во посета на кризните области во Судан каде се уверил во нечовечкото однесување кон народот.
Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/афп/ртре
Редактор: Е. М. Фиданоска