1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен основачот на контроверзната компанија за импланти „ПИП“

Sime Nedevski26 јануари 2012

Основачот на француската фирма за производство на силинконски импланти „ПИП“, Жан Клод Мас, е уапсен во јужна Франција, јавува новинската агенција Франс Прес, повикувајќи се на извори блиски на истрагата.

https://p.dw.com/p/13pz0
Во имплантите од „ПИП“ е користен индустриски, наместо медицински силиконФотографија: dapd

Жан Клод Мас бил уапсен во селска куќа во регионот Вар, во јужна Франција, во рамки на истрагата покрената лани во декември поради сомневање дека имплантите на неговата компанија се штетни за здравјето и може дури и да предизвикаат рак. Компанијата „ПИП“ е обвинетa дека за имплантите, кои се ставаат во градите, употребувала евтин силиконски гел, несоодветен за медицинска употреба.

Frankreich Brustimplantat von PIP
Многу земји им препорачаа на жените да ги отстранат силиконите од „ПИП“Фотографија: picture-alliance/dpa

Затоа повеќе земји препорачаа жените кои имаат силиконски импланти од „ПИП“ да ги отстранат поради можните ризици за здравјето. Лекари во Франција пријавија 20 случаи на рак кај жени кои имале вградено импланти на таа компанија, но се’ уште не е утврдено дали има директна поврзаност на спорните импланти со таа болест.

Сепак и Светската здравствена организација (СЗО) неодмна побара од жените од целиот свет кои имаат вградени импланти за гради на компанијата „ПИП“, во случај на некои сомнежи, болки или воспаленија, веднаш да се обратат на лекар или хирург.

Автор: Симе Недевски/АМ/афп/миа/дв

Редактор: Елизабета М. Фиданоска