Уапсени сите четворица бомбаши од Лондон
30 јули 2005Британецот со сомалиско потекло, Осман Хусеин е фатен во стан на негов роднина, во близина на станицата Термини во Рим. Италијанските власти добиле информација за Хусеин од страна на Скотланд Јард. Веста за неговото апсење го прошири и прашањето – дали тој заминал за Рим за да изведе нови напади? Во моментов се изгледа така како само да барал прибежиште кај член на неговото семејство. Во меѓувреме во притвор е и неговиот брат. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Писану, ја пофали меѓународната соработка во одбраната од тероризам:
“Ова е сигурно добар ден во борбата против тероризмот.“
Питер Кларк, шеф на Антитерористичките единици на британската полиција, вчеравечер во Лондон ги потврди апсењата:
“Работевме заедно со италијанските власти. Ќе направиме напор за испорака на уапсените. Ќе биде издаден соодветен европски налог.“