1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсените опозиционери почнаа штрајк со глад

29 март 2006

На протестите против реизборот на претседателот Алексаднар Лукашенко во Белорусија, изминатиот викенд беа уапсени голем број опозиционерi, по што беа преземени брзи судски постапки против нив. Сега активистите за човекови права од Белорусија јавуваат дека уапсените демонстранти почнале штрaјк со глад.

https://p.dw.com/p/Ae2h
Пред затворот во Минск
Пред затворот во МинскФотографија: AP

Повеќето уапсени демонстранти, јавуваат локалните активисти за човекови права почнаа штрајк со глад. Имено стотици демонстранти, кои протестираа против оспоруваниот трет избор на досегашниот претседател Александар Лукашенко, во затворот во главниот град Минск мора да се справат со лоши затворски услови.

Инаку церемонијата на инаугурација на белорускиот претседател Александар Лукашенко, која беше предвидена за во петок, според извори од изборната комсијата ќе биде одложена за првата половина на април. Комисијата не даде никакво објаснување за промена на одлуката.

Алексаднар Лукашенко на изборите кои се одржаа на 19 март освои 81 процент од гласовите, а неговиот противкандидат Александар Милинкиевич 6,1 насто гласови. Опозицијата ги оспори резултатите и оддржа повеќедневни протести во Минск, а од Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел сигнализираше помош за опозицијата.