1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција ќе плати отштета за смртоносната грешка

3 јануари 2012

По смртоносниот воздушен напад во кој по грешка беа убиени 35 лица, Турција најави исплата на парично обесштетување за роднините на жртвите.

https://p.dw.com/p/13dAt
Погранично подрачје меѓу Турција и ИракФотографија: AP

Вицепремиерот Булент Аринч по вчерашната владина седница изјави дека парите за роднините на убиените курдски селани ќе бидат исплатени за неколку денови. Турција, меѓутоа, нема официјално да се извини за инцидентот.

Аринч нагласи дека курдските селани не се намерно убиени и оти истрагата е во тек.

„Апсолутно не постои никакво сомневање дека инцидентот бил намерен. Сепак, и покрај тоа, во тек е истрага, со која треба да се утврди дали станува збор за невнимание“, додаде Аринч.

Во нападот минатата недела беа убиени 35 лица за кои се верувало дека се курдски бунтовници. Меѓутоа, станувало збор за млади Курди кои ги користеле истите патишта за шверц на оружје во Турција како бунтовниците од Курдската работничка партија ПКК.

Автор: СН/ ЕМФ/ ртр/ афп

Редактор: Александра Трајковска