Турција станува затвор за новинари
23 јули 2013Реклама
Републиканската народна партија денеска објави извештај за новинарите во затворите во Турција од коj произлегуваат застрашувачки податоци. Организациите за човекови права соопштуваат дека слободата на печатот е се' помала, а автоцензурата на медиумите - во страв од санкции, се’ поголема.
Партијата наведува дека новинарите се во затвор поради својата професионална активност, додека од владата тврдат дека тие се во затвор поради тероризам.
Едно здружение на новинари објави дека персоналот во дури 59 медиуми е отпуштен или принуден да поднесе отказ поради известувањето за антивладините демонстрации во јуни годинава. Некои новинари останувале без работа и во случаи кога во лични пораки на интернет изразувале симпатии за демонстрантите.