1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција - рај за фалсификати

12 август 2009

На илегалните пазари во Турција се продава се’ и сешто, а купувачите пред се‘ доаѓаат од големите европски земји. Изненадувачки е што никој не чувствува грижа на совеста, ниту купувачите, ниту продавачите.

https://p.dw.com/p/J7V2
ИстанбулФотографија: AP

На прв поглед, пасажот „под отворено небо“ зад големиот пазар во Истанбул изгледа како сосема нормална уличка за шопинг. Но доволно бргу се доаѓа до сознанието дека овде се‘ е фалсификат, фалсификувани производи каде и да се свртиш. Часовници „Армани", „Реј Бан" очила, патики од „Пума" или „Најк". Штотуку доаѓа еден 20-годишен Германец, носејќи две полни торби во рацете: „Си купив тренерки од ’Адидас’, во Германија тие чинат околу 50, 60 евра, релативно скапо, овде најдов едни за 20 евра. Фалсификат, кој не можеш да го разликуваш, речиси ист на оригиналот. Добра имитација.“

Германецот објаснува дека марките, брендовите, се важни за него, но оригиналот му е едноставно прескап. Следниот турист кој го среќаваме, штотуку купи две фалсификат маици, една од „Адидас" и една од „Пума". Тој кажува дека марките не му се толку важни: „Всушност не, не ми се важни марките. Во моментов носам маица, која не е од некоја позната марка. Но се’ едно е најважно е што е евтина, ќе ја носиш неколку недели и после можеш да ја фрлиш.“ Го прашуваме повторно: зошто купил маица од фалсификат марка, а едноставно не купил некој евтин проивод без бренд зад себе: „Бидејќи изгледа убаво...скапо... така е, нели?“

Купувачи - „болни по марки“

adidas darf US-Konkurrenten Reebok übernehmen
Маици со познати логоа за „ич“ париФотографија: dpa

Гледаме еден штанд со фалсификувани чанти од „Гучи" и „Долче и Габана". Тука стои една госпоѓа со хипи фризура. Таа носи очила за сонце, но и покрај тоа може да се види како со гадење ги гледа чантите. Таа ни раскажува дека работи во модната индустрија и оти, според неа, индустријата на фалсификати го уништува пазарот.

Што мисли таа, зошто толку многу луѓе купуваат фалсификувани производи? „Бидејќи тие се ’болни по марки’, а оригиналите не можат да си ги дозволат. Гледаат дека тоа е тренд, потребна им е таа етикета, тоа лого, и мора да се прилагодат на масата дека сега безусловно им треба оваа чанта“, одговара госпоѓата.

И навистина фетишот на Европејците за марки доведе до тоа во Турција, со индустријата на фалсификати, да се заработуваат многу пари. Во меѓувреме, земјата игра мошне важна улога при трговијата со фалсификувани производи, вели американското трговско претставништво. Турската стопанска комора во Анкара смета дека Турција станала рај за фалсификувани производи, а државата годишно губи повеќе милјарди долари поради неплаќање данок.

Цената е единствената разлика со оригиналите

Еден продавач на чевли смета дека пазарот на фалсификувани производи е потполно легитимен. Тој вели дека и туристите сакаат пазарот да постои. Кога производите би биле само евтини производи, без никакви марки, тогаш никој не би ги купил. Тој е горд на фалсификуваните производи:

Italien Fashion Dolce & Gabbana Fall Winter Collection 2008/2009
На пазарите во Турција може да се најдат фалсификувани оригиналиФотографија: AP

„Што и да барате – ќе најдете тука. Се‘ е евтино. Да, производите се фалсификат, но и покрај тоа, квалитетот е добар. Прозиводите не се разликуваат од оригиналите. Единствената разлика е цената, ништо друго. Секако одвреме-навреме има контроли, тогаш доаѓа полицијата, прави записник и пишува казни поради продажба на фалсификати на марки заштитени со закон. И фирмите се жалат, но тука речиси секој продава фалсификувани производи.“

Што е пак со совеста на туристите? Дали тие се чувствуваат лошо што купуваат тука, бидејќи на некој начин го проневеруваат профитот на фирмите? Овој турист од Англија не размислува така, тој смета дека пазарот на фалсификат производи е израз на една борба на култури: „И оригиналните производи секако се произедуваат во земјите од ’третиот свет’, голем број брендови ги користат работниците како робови, им даваат многу мали плати. Можеби токму азиските земји „им се одмаздуваат“ за ова на големите компании, па профитираат тие, а не интернационалните фирми.“

И туристка од Шпанија не чувствува грижа на совеста: „Не се чувстувам виновно ако го купам овој производ. Зошто би се чувствувала? Производот е поевтин, би се чувствувала виновна ако го купам поскапиот.“

Автор: Килиан Фефер / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска