1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција призна дека по грешка убила 35 лица

29 декември 2011

Во турски воздушен напад врз едно село во југоисточниот дел на земјата загинале 35 лица за кои погрешно се верувало дека се курдски бунтовници потврди денеска висок претставник на владејачката партија во Турција.

https://p.dw.com/p/13bUg
Фотографија: AP

Турската владејачка Партија на правдата и развојот денеска призна дека нападот на турското воздухопловство во близина на ирачката граница во кој загинаа 35 лица веројатно бил погрешен, односно дека загинатите се локални селани, а не курдски сепаратисти од забранетата Курдска работничка партија, ПКК.

„Според првичните извештаи овие луѓе биле шверцери, а не терористи“, изјави Хусеин Челик, потпретседател на владејачката Партија на правдата и развојот.

Отштета за семејствата

Türkei Anschlag Neun türkische Soldaten bei Bombenanschlag getötet
Регионот на југоисточна Турција е место на судири меѓу војската и курдските бунтовнициФотографија: AP Graphics

Челик уште истакна дека истражните органи веќе ги проверуваат можните разузнувачки грешки кои довеле до нападот. Тој изрази жалење за инцидентот и сочуство до семејствата на загинатите сугерирајќи притоа дека владата ќе им исплати отштета.

Жители на селото претходно за агенцијата Доган изјавиле дека станува збор за шверцери, кои пренесувале дизел-гориво. На интернет страницата на турската армија пак се велеше дека беспилотни летала идентификувале група герилци на ПКК кои, според претходни информации, планирале напад врз турска база во југоисточна Турција. Авионите ги гаѓале нив, во подрачје кое е ненаселено, тврди армијата.

Тешко пристапниот планински регион долж границата со Ирак важи како место каде се кријат членови и симпатизери на забранетата Курдска работничка партија. Турската армија постојано врши напади врз кампови на бунтовниците во северниот дел на Ирак.

Автор: СН/ АТ/ ртр/ афп/ дв

Редактор: Александра Трајковска