1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција- последна пречка на патот до Европското првенство

СН/БГ/миа/макфакс31 мај 2012

По побадата на гостувањето во Литванија, македонските ракометарки в недела против Турција треба да го заверат пласманот на ЕП во Холандија. Доволен е и нерешен резултат.

https://p.dw.com/p/1559a
Фотографија: Petr Stojanovski

Предводена од извонредната Елена Ѓеорѓиевска и нејзините осум голови женската ракометна репрезентација на Македонија, вчера попладне (30.05.2012) направи значаен чекор напред на патот до обезбедување пласман на Европското првенство, кое кон крајот на годината ќе се одржи во Холандија. Македонија, во литванскиот град Паневезус, ја совлада домашната селекција со 32:24.

Македонските репрезентативки, на табелата во Групата 4, по пет одиграни натпревари се издвоија на второто место со шест бодови, два повеќе од Турција.

Лидер во групата е Франција со осум бода која избори пласман на континеталното првенство, додека Литванија остана на два бода.

Македонија во последното коло на домашен терен во Скопје ќе го одигра клучниот натпревар за пласман на ЕП, против Турција. На средбата која ќе се одигра на 3. јуни на избраничките на Гино Стрезовски ќе им биде доволен и нерешен резултат за по четири години повторно да играат на континенталното првенство.

Gino Strezovski Handballtrainer Mazedonien
Селекторот Гино СтрезовскиФотографија: Zlatko Kalinski

Одлично второ полувреме

Доколку ракометарките изборат пласман на Европското првенство, противничките во групата ќе ги дознаат на 6. јуни, кога во Ротердам ќе бидат извлечени составите на групите за континенталното првенство кое ќе се игра од 4. до 16. декември.

Што се однесува до мечот против Литванија во Паневезус, македонските ракометарки до победата стигнаа по извонредно одиграното второ полувреме, во кое ја засилија одбраната, и значително ја подобрија резлизацијата. Резултатот на крајот од првото полувреме беше нерешен 14:14.

Најефикасна во македонската репрезентација, со осум голови беше Елена Ѓеорѓиевска, ракометарката на актуелниот европски шампион Будуќност од Подгорица а потоа следуваа Драгана Пецевска со 6 и Јулија Николиќ и Мирјета Бајрамовска со по 5 голови.