Турција - Ирак
1 април 2007Реклама
Турција побара од американската армија во Ирак да дејствува против борците на Курдската работничка партија, која ја смета за терористичка организација. Недопустливо е таа да има бази и отстапница во земја која ја контролира сојузник од НАТО - изјави турскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул. И натаму постои опасност Ирак да се распадне и да избие граѓанска војна, која ќе ги дестабилизира и соседните земји, истакна Ѓул во интервју за „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“.