1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција запре германски брод - оружје за Сирија?

ЕМФ/СН/дв/дпа/миа18 април 2012

Турските власти го запреле германскиот товарен брод „Атлантик Крузер“ за да проверат дали на него има оружје, кое е можеби наменето за Сирија.

https://p.dw.com/p/14fqf
Фотографија: dapd

Според наводи на турски дипломати, бродот бил запрен во источниот дел на Средоземното море, во близина на пристаништето Искендерун. Планирана е заедничка акција на проверка на цариници, полицајци и дипломати. Сириската опозиција извести за тешко вооружување и муниција на бродот „Атлантик Кризер“.

Бродот „Атлантик крузер“ добил предупредување од ОН да го смени курсот уште при приближувањето кон територијалните води на Сирија. Утрината бродот се вкотвил на четири морски милји од турското пристаниште Искендерун.

Германската фирма на која припаѓа бродот, Блокштигел од Емден, според сопствени наводи немала никакви укажувања дека на бродот би можело да има оружје. Според документацијата за видот на товарот, наменет за Сирија, станувало збор за делови на термоцентрала, произведени од индиски производител.