Турција – Германија – ЕУ
21 март 2007Реклама
Турција и‘ забележа на Германија како претседавач со ЕУ дека на големата прослава на 50-годишнината од основањето на Унијата во Берлин не ги поканила кандидатите за прием. Министерството за надворешни работи во Анкара порачува дека присуството на земјите кандидати, Хрватска, Македонија и Турција, би било манифестирање единство на европското семејство. ЕУ минатиот декември делумно ги прекина преговорите за прием со Турција поради нејзиното одбивање да ги отвори пристаништата и аеродромите за сообраќај со Кипар, како член на Унијата.