1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турските синдикати протестираат против тероризмот

22 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AcSB
Два дена по тешките бомбашки напади во Истанбул, бројот на жртвите се искачи на 30. Според медиумските извештаи во Турција, се уште не се идентификувани сите тела, така што е можно натамошно покачување на вкупниот број жртви. Министерот за правда Чичек нагласи дека истражната постапка дала важни информации, што наведуваат на врски на атентаторите со странски организации. Веќе се уапсени и повеќе лица, за чиј идентитет меѓутоа не се соопштуваат детали во интерес на истрагата. Медиумите пак јавуваат дека и во атентатите од четвртокот сторителите се од турско потекло и дека биле во врска со атентаторите врз еврејските синагоги. Националниот совет за безбедност на Турција се изјасни за засилена меѓународна соработка во борбата против тероризмот. "Меѓународниот тероризам нема да ја постигне посакуваната цел во нашата земја" - беше соопштено по петчасовната седница на Советот. Армијата сепак проценува дека нема потреба да се вмеша во обезбедувањето на земјата и дека надлежните цивилни органи ја имаат ситуацијата под контрола. Ова е особено важен став на армиското раководство, бидејќи нејзиното евентуално преземање на власта во Турција поради зголемената опасност за безбедноста, би претставувалео сериозна пречка за настојувањата на оваа земја да го продолжи процесот на приближување до ЕУ. Една од зацртаните цели на реформските процеси што Унијата ги бара од Турција е дефинитивно повлекување на на армијата од влијанието врз полтичките процеси во земјата и полно владеење на цивилните структури. Надлежниот комесаријат на Европската комисија задолжен за проширување најави дека Унијата ќе се придржува до планираните чекори што ќе водат кон полноправно членство на Турција во Унијата, како што впрочем беше заклучено на самитот во Копенхаген во 2.002-та година.