Турските генерали ќе останат долго зад решетки
22 септември 2012Повеќе од десет години по спорните наводни планови на турските сили за безбедност, судот во Силиври, во близина на Истанбул, ги осуди тројцата главни обвинети - екс генералот Целтин Доган, поранешниот шеф на возухопловните сили Ибрахим Фиртина и поранешниот командант на морнарицата Езден Ернек на доживотни казни затвор. Судијата сепак ја редуцираше казната на 20 години затвор, бидејќи обидот за пуч не бил успешен. Останатите, вкупно 365 обвинети, добија затворски казни до 18 години, најмалку 34 лица, според турските медиуми, се ослободени.
План за игра или план за пуч
Тоа беше првата пресуда во цела низа процеси за наводните планови за пуч на секуларната војска против исламско-конзервативната влада на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Во паралелната постапка против групата која подготвувала заговор „Ергенекон“ пред судиите во високообезбедуваниот затвор во Силиври стојат речиси 400 обвинети, меѓу нив 58 генерали и адмирали, но и научници и новинари.
Во тек се и две други постапки кои се водат под кодовите „Blonde Girl“ und „Moonlight“. Вкупно околу 20 проценти од активните турски генерали се наоѓаат во истражен затвор.
Владата реагираше воздржано. Прво мора да се сочека одлуката на второстепениот суд, појасни вицепремиерот Бекир Боздаг. Одбраната смета дека постоеле големи недостатоци во постапката и политички притисок врз судот. „Денеска е црн ден за турското правосудство“, изјави бранителот на Доган, Целал Илген за турската станица НТВ.
Правосудството вистински независно?
Во процесот станува збор за план на војската во Истанбул од 2003 година, при кој, според судската пресуда, се заговарало соборување на тогашната влада на АКП. Заговорниците во рамките на планот под име „Балјоз“, меѓу другото, планирале бомбашки напад врз џамија во Истанбул, за да ескалира затегнатоста во општеството и на тој начин да создадат основа за пуч. Обвинетите ги отфрлуваат обвинувањата и му префрлуваат на државното обвинителство дека презентирало манипулирани докази.
Турската армија во 1969, 1971 и 1980 изврши пуч. Војската себеси се гледа како гарант за секуларните вредности на основачот на државата Мустафа Кемал Ататурк и со недоверба гледаат на владата на Ердоган. Двете страни изминатите години водеа борба за превласт, при која Ердоган со помош на правосудните органи успеа да издејствува раководството на војската се’ повеќе да подлежи на цивилна контрола.