Турново му гостува на Хајдук
18 јули 2013Првиот меч ќе се одигра на стадионот „Пољуд“, а работата на македонските фудбалери може да им ја олесни тоа што мечот ќе се игра без присуство на публика. Поради инцидентите кои ги правеа неговите навивачи во мината сезона, УЕФА го казни Хајдук со играње на еден натпревар без присуство на публика.
Хајдук, во новата сезона, во која во притиснаа финансиските проблеми, влезе со значително подмладен, но исклучително талентиран тим, од клупата го предводи Игор Тудор, поранешна голема ѕвезда на хрватскиот фудбал. „Турновци“, кои сезонава дебитираа на европската сцена, во најавите за мечот, рекоа дека не се плашат од името на противникот, жалат што нема да има публика на „Пољуд“ и дека во Сплит ќе се обидат да се надигруваат со противникот со што на најдобар можен начин би го презентирале македонскиот фудбал.
Дуелот помеѓу двата тима ќе започне во 20:30 часот, а реваншот во Скопје ќе се одигра на 25. јули.