1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Туристичка Македонија се нуди во „пакет“ со авионски превоз!

Силвера Падори8 март 2007

На најголемата туристичка берза во Берлин Македонија е претставена како мала но посебна дестинација. За разлика од порано кога се настапуваше хаотично и неорганиозирано, годинава европската лекција е научена. Понудени се пакет аранжмани со организиран авионски превоз.

https://p.dw.com/p/AeJ8
Меѓународната туристичка берза во Берлин
Меѓународната туристичка берза во БерлинФотографија: ITB

Македонското туристичко стопанство годинава во Берлин се претставува на штандот на министерството за економија каде од вчера па се до недела пред стручната и обичната публика преку проспекти, информации и директни разговори и договори се нуди Македонија како единствена дестинација. За разлика од порано кога тука со свои цени самостојно настапуваа хотелиерите, одделно од нив авиопревозниоците кои ветуваа чартери за Македомнија и каде доагаа малубројни агенции, годинава сликата е сосема поинаква. И би рекле - европска.Место расцепка нот и конкуренција со кои сигурно гостите не се привлекуваат, за Македонија се нудат елегантни пакет аранжмани, за што Дончо Таневски претседател на асоцијацијата на македонските хотелиери кажува дека конечно е потпишан договор со авиокомпанијата „Скај уинг“ која го презема превозот од Дизелдорф до македонија и назад. Аранжмабните се аза 3, 4 и 7 дена и зависно од хотелот и времетраењето чинат од 213 до 452 евра. Ваков договор за авионски превоз е потпишан ис о МАТ, а резервациите во име на хотелиертите ги презеде „Маседониа тревел“. Асоцијацијата на хотелиерите која и лани беше присутна во Берлин, токму тука имаше најавено оптимистички поместувања во тустистичката бранша. Дека очекувањата не беа попусти Таневски кажува дека порано прометот во туризмот се движел околу 60 милиони долари, а лани за деветте месеца се остварени околу 96 милиони долари што значи дека за целата година оствареното во туризмот ќе изнесува околу 120 милиони долари.

Летната сезона според туристичклите работници не е проблематична. Идеја на вработените од браншата мегутоа е токму продолжување на сезоната за што Таневски вели дека сезоната моментно трае од крајот на април до крајот на септември средината на октомври. Напорите се насочени туристите да бидат оприсутни целата година за која цел ќе се направат обиди за контактѕ со нови туроператори.

Во оваа насока вистински надежи се полагаат токму во тоа што Македонија за првпат како туристичка дестинација се најде и во каталогот на туроператорот “Дер Тур“ На насловната страница се наоѓа информацијата дека покрај за Хрватаска и Црна Гора, Дер Тур нуди и аранжмани за Македонија. Климент Китановски, долгогодишен туристилчки работник во Дер тур кој живее и работи во Франкфурт и најправи најмногу Македонија да се најде во каталогот. Според него Македонија има свој туристички капитал а тоа се нејзините природни убавини, културното наследство, музиката, кујната, гостољубивоста. И покрај туристичките велесили какви што се Шпанија, Турција, Италија, Португалија, Грција според Климент Китановски Македонија има шанси да постигне туристички подем и развој.