Туарезите прогласија независност во Мали
6 април 2012Моза Аг Атахер освен што рече дека свечено ја објавува независноста, додаде и дека бунтовниците ќе ги почитуваат границите со другите држави. Тој ги осуди вчерашните акции во градот Гао, во кои беа земени како заложници службеници од амбасадата на Алжир и изјави дека тоа е дело на терористичка група.
Минатиот месец, на 22-ри март, воената хунта во Мали изврши државен удар и го собори претседателот Амадо Тумани Туре, поради тоа што владата не успеала да ја задуши побуната на Туарезите на северот од Мали. Во областа дејствуваат и терористи од Ал Каеда. Војската, што ја презеде власта во Мали, изјави дека ќе преземе итни мерки за зачувување на територијалната целост на земјата и го повика населението од северните делови да се спротистави на востанието и екстремистите.
Земјата која се соочува со хуманитарна катастрофа некогаш беше пример за демократски успех во Африка. Хуманитарните организации предупредуваат од катастрофа, бидејќи стотици илјади луѓе побегнаа од населените места, а бунтовниците на големо ја ограбуваат храната и лековите, со што регионот веќе се соочува со недостаток на основни намирници.