Тројцата повредени германски војници се вратија дома
9 октомври 2007Реклама
Тројцата германски војници кои беа повредени во вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Авганистан се вратени во Германија. Нивниот авион доцна синоќа пристигна на аеродромот Келн Бон. Сојузниот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг нагласи дека нападите се поврзани со претстојната одлука за продолжување на мандатот на Бундесверот во Авганистан. Инаку ракетниот напад врз германската база беше извршен во провинцијата Кундус.