Тројно повеќе помош во Мексиканскиот залив
29 мај 2010На местата каде суровата нафта веќе пристигна на брегот или се очекува во наредните часови, бројот на екипите ќе биде тројно зголемен, најави Обама. Тие ќе поставуваат бариери, ќе ги расчистуваат плажите и ќе ги набљудуваат последиците за природата. Претседателот истакна дека владата во регионот испратила лекари и научници, кои имаат задача да ги испитаат евентуалните последици по здравјето на луѓето.
„Конечно јас ја носам одговорноста за надминување на кризата,“ подвелече претседателот и дополни дека владата ќе стори се` за надминуавње на катастрофата, за одбрана на природнтие ресурси и санирање на штетите. Претседателот ги увери жителите дека можат да сметаат на поддршка од Вашингтон и кога медиумите ќе го изгубат интересот.
При посетата на регионот, претседателот Обама лично се увери во катастрофата и посети една загадена плажа, по што водеше разговори со ракводителот на кризниот штаб и политичарите во регионот. Не е познато, дали претседателот се сретнал и со граѓаните, кои силно ја критикуваат владата во Вашингтон дека не презема доволно мерки за справување со катастрофата.
Нафтениот концерн „Бритиш петролеум“ во меѓувреме продолжува со обидот за затворање на изворот со нафта, дали ќе биде успешен ќе се знае најверојатно утре (30.05.10).
Автор: Сабине Милер/ дв/ Александра Трајкоска
Редактор: Трајче Тосев