1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Тројката“ незадоволна од грчката „метла“

2 октомври 2011

Властите во Грција се оптимисти дека ќе ја добијат наредната транша финансиска помош од меѓународниот спасувачки пакет за земјите во економска и финансиска криза. „Тројката“ меѓутоа е незадоволна од текот на реформите.

https://p.dw.com/p/12kVl
Фотографија: picture alliance / ZB

Исплатата на следната транша е обезбедена, изјави министерот за финансии Евангелос Венизелос за неделникот „То Вима“.  Народот понесува големи жртви, а владата носи тешки одлуки. Дискусиите за банкрот на високозадолжената Грција Венизелос ги отфрли и оцени дека се наивни и опасни.

Во тек е порверка на мерките за штедење што ги спроведува грчката влада од страна на т.н. меѓународна „Тројка“ (експерти од Комисијата на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд). Експертите меѓутоа се незадоволни со делот од планот за намалување на бројот на државните службеници, оти според нив грчката влада има намера да ги испрати во „резерва“ само постарите службеници. Ваквата програма нема да заштеди пари, уверена е „Тројката“.

Намалувањето на бројот на службеници во јавниот сектор е еден од условите, за кои е врзана исплатата на наредната транша меѓународна финансиска помош од осум милијарди евра. 

Автор: АТ/ ЖА/дв

Редактор: Жана Ацеска