1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројката и Контакт групата за Косово

9 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSZ3

“Обновувањето на преговорите може да бидат последната можност за постигнување на договорено решение за Косово“, изјави денеска Волфганг Ишингер, претставникот на ЕУ во меѓународната посредничка тројка за Косово. Во Лондон денеска се оддржува состанок на Тројката и претставници на Контакт групата, на кој ќе се разгледа натамошниот процес за решавање на статусот на Косово. Тројката утре патува за Белград на средби со српските власти, а во сабота ќе ја посетат Приштина.

Косовскиот премиер Агим Чеку повтори дека Приштина не прифаќа било какви преговори за Косово, а ако дојде до такви разговори косовскиот преговарачки тим ќе го преиспита учеството во нив. За приштинските медиуми Чеку вели дека косовските институции имаат само еден мандат да ја реализираат независност на Косово.