Тројката бара консензус од Белград и Приштина
12 август 2007Реклама
Меѓународната посредничка тројка на Контакт групата во Приштина, соопшти дека нема да ги изнесува своите предлози за идниот статус на Косово туку дека инсистира на консензус меѓу Приштина и Белград. Американскиот претставник Френк Визнер по разговорите со косовските власти и претставниците на КФОР и УНМИК, изјави
“се дојдени да градат мостови и да се да се обидат да пронајдеме консензус”, рече Визнер. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на Тројката им ја претстави нивната платформа, во која стои дека за независноста на Косово и територијалниот интегритет не може да се преговара”. Меѓународните посредници денеска се среќаваат со косовските Срби.