1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трката во вооружување продолжува

16 мај 2008

Според информациите на меѓународниот центар за конверзии во Бон, глобалните воени инвестиции меѓу 2001 и 2006 година пораснаа за 30 проценти - на околу 760 милијарди евра. Се’ укажува на нова трка во вооружување.

https://p.dw.com/p/E1B8
Големите и натаму трошат многу пари за оружје и покажуваат мускулиФотографија: picture-alliance/ dpa

Меѓународниот центар за конверзии во Бон укажува на превисоки трошоци за оружје и вооружување. Меѓу 2001 и 2006 година - за близу 800 милијарди евра годишно. Скоро половината од тоа отпаѓа на Соединетите Американски Држави и Велика Британија, но и земјите во забрзан развој се’ повеќе се вооружуваат. Марк фон Бемекен, шеф на проектот за податоци од центарот во Бон вели:

„Освен САД, се покажува глобален тренд за вооружување и кај земјите во забрзан развој како Кина, Индија, Индонезија, Пакистан, но и Русија. За разлика од тоа, воените издатоци во високо-индустријализираните држави, со исклучок на САД, останаа исти или дури се намалени„.

И Германија е меѓу оние што повторно троши повеќе пари на воен план. Во минатата година беа потрошени околу 28 милијарди евра, што е плус од милијарда во донос на 2006. Годинава ќе биде потрошена уште милијарда повеќе, а Германија, по САД и Русија е третиот најголем извозник на оружје со волумен од скоро 8 милијарди евра со тенденција на пораст.

Противниците на вооружувањето страхуваат од нова трка како во времињата на студената војна. Од тие причини и Меѓународниот центар за конверзии во Бон ги повикува државите да дејствуваат против таквиот тренд. Марк фон Бемекен, меѓутоа, е скептичен:

„Се разбира дека недостига политичка волја, пред се кај САД. Значи кај водечките нации или во земјите со големи воени буџети. Таму не може да се види волја за разоружување. САД би можеле со добар пример да предничат, што е поврзано и со надежта дека ако таму дојде до промена на владата во ноември, дека би можела да се случи и промена на трендот во областа на вооружувањето„.

Директорот на Институтот во Бон, Петер Крол смета дека мораат да се вложат поголеми напори за разоружување. Тој оценува дека во тој процес има застој:

„Постојат напори, има конференции, но она што е најзначајно, на крајот договорите треба да се ратификуваат. На тој план има само ограничен напредок„.

Така, САД развиваат ново стандардно атомско оружје, Кина ја модернизира армијата, а Русија ја обнови програмата за долги авио-летови со атомско оружје.