1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три можни сценарија за напад врз Сирија

Михаил Хартлеп/Марта Таневска28 август 2013

Многу западни влади се убедени дека нападот со хемиско оружје во Сирија навистина се случил. Со оглед на тоа што сметаат дека „црвената линија“ е премината, во Белата Куќа се разгледуваат три можни сценарија.

https://p.dw.com/p/19XBd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Повеќе стотици мртви и преку 3.000 затруени- тоа е билансот по извештајот на организацијата „Лекари без граници“ од наводните напади со хемиско оружје што неодамна биле изведени во околината на Дамаск. Во Вашингтон не кријат дека стратезите веќе ги разгледуваат опциите за воена интервенција.

Првата опција предвидува воспоставување на зони за забрана на летови. Тоа подразбира дека Американците над одредени области во Сирија ќе оневозможат прелетување на бомбардерите и хеликоптерите на војската на Асад. На тој начин, војската не би била во позиција да врши воздушни напади врз бунтовниците и сириската опозиција. За бунтовниците тоа би била голема помош, смета Ханс-Јоахим Шмит од Хесенската фондација за мир и истражување на воени конфликти.

Рускиот против американскиот систем

За да се воспостават зони на забрана на летови, Американците мораат да ја неутрализираат сириската против-воздушна одбрана, истакнува Пол Роџерс, експерт за безбедност на истражувачкиот центар „Оксфордска истражувачка група“(Oxford Research Group). „Тоа би можело да биде многу скапо, а пред сѐ опасно, затоа што Русија и‘ вети на Сирија испорака на модерни системи за противвоздушна одбрана“, смета Роџерс.

Ханс-Јоахим Шмит во врска со тоа забележува: „Ако Русија навистина испорача оружје, Американците во тој случај имаат сериозен проблем.“ Шмит смета дека малку веројатно сценарио е дека САД ќе се одлучи за зона на забрана на летови: „Тоа би ги вовлекло во подлабок конфликт, а тоа не го сака американската администрација“. Освен тоа, за тоа е потребна согласност на Советот за безбедност на Обединетите Нации и сосем е сигурно дека Кина и Русија ќе бидат против.

Krieg in Syrien Aleppo
Еден од градовите каде што наводно било употребено хемиско оружје е АлепоФотографија: Reuters

Удари на ракетите на избрани цели

Друга опција на воените интервенции би била напад со ракети. Експертот Роџерс потсетува дека таквите ракети ја погодуваат целта со максимално отстапување од 20 метри. „Десет такви ракети кон една цел би имале ефект на застрашување“, смета Роџерс. Така би можеле да се уништат воените цели како што се аеродромите, со што би се ослабнала воената ескадрила на режимот на Асад“.

САД имаат неколку разурнувачи и подморници во Средоземјето, со кои би можеле да го покренат тој напад. Во тој случај, сириските воени авиони не би можеле да полетаат, но пистите би можеле брзо да се поправат. Тоа, според неговото мислење би било ефективен но ограничен напад, во кој Американците не би навлегувале длабоко.

Испорака на оружје

Третата опција би била зајакната испорака на оружје на бунтовниците. Американците официјално не испорачуваат оружје на сириската опозиција, но оружјето стигнува преку Турција и Јордан, што е финансирано од Саудиска Арабија и Соединетите Арапски Емирати. Ханс-Јоахим Шмит, смета дека таа опција е помалку веројатна бидејќи за модерното американско оружје бунтовниците треба да бидат добро обучени.

Syrien Angriff der Assad-Armee auf Homs
Градот Хомс претрпе голема штета поради нападот на сириската армијаФотографија: Reuters