1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три години по цунамито во Индискиот океан

26 декември 2007

Денеска се одбележува третата годишнина од цунами катастрофата во Индискиот океан, кога на вториот ден Божик во 2004 година животот го загубија речиси 300 илјади луѓе.

https://p.dw.com/p/CgLM
Шри Ланка по цунамитоФотографија: AP
Цунамито во Индискиот океан на 26 декември 2004 година се смета за една од најлошите природни катастрофи. Животот го загубија околу 300 илјади луѓе. Точната бројка никогаш не можеше да се утврди. Погодени беа дванаесет земји кои излегуваат на Индискиот океан, посебно Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд.Најголем број жртви имаше на индонезискиот остров Суматра. Во провинцијата Аче и соседните крајбрежни региони пред три години животот го загубија 130 илјади луѓе.
Буди Атманди Адипутро, од националниот центар за катастрофи во индонезиската влада во тоа време беше раководител на тимот за заштита од катастрофи во Аче. Цунамито беше национална катастрофа од дотогаш несогледливи размери. „Преку 1000 чамци од брегот беа исфрленина копното. Унишетени повеќе од 138 киломeтри улици. Пред се меѓу Банда Аче и Мелабох. 81 мост беа целосно уништени. Повеќе од половина милион луѓе останаа без покрив над главата. Само во првиот месец поставивме 430 кампови за луѓето кои останаа без домови. 130 илјади луѓе во Аче ги загубија животите. 38 илјади беа исчезнати.“
Штетите кои настанаа од цунамито се проценуваат на 10 милијарди долари. Предизвикувач на огромниот бран беше земјотресот со јачина од 9 степени по рихтеровата скалa пред брегот на островот Суматра што предизвика огромни движења на дното на морето. Земјотресот настана при судир на индиската, австарлиската и евроазиската плоча.
На 26 декември 2004 година во Тајланд животот го загубија повеќе од 8.300 луѓе меѓу нив и странски туристи. На тајландскиот остров Пукет, во летувалиштето Као Лак и во другите места за одмор по должина на тајланскиот западен брег поради божикните празници хотелите беа полни. Со месеци потоа сојузната криминлана служба се обидуваше да ги идентификува жртвите. А подготвеноста за пружање помош по катастрофата беше огромна кај луѓето. Во Германија се собраа донации во висина од 670 милиони евра. Помогна и германската сојузна влада, до 2009 година со вкупно 500 милиони евра.
Обновата на погодените области од цунамито во Индонезија и Тајланд денеска е речиси завршена, обновена е инфраструктурата на многу места, а луѓето кои живееја во местата каде постои опасност од поплави се повлечени во внатрешноста на земјата, се изградија училишта и болници, а уништените колиби се заменија со куќи изградени од камен.