1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија претпоследна

4 декември 2011

Грузија однесе победа на детската Евровизија, пред претставниците на Холандија и Белорусија. Македонскиот претставник го освои претпоследното место.

https://p.dw.com/p/13MLC
Фотографија: EBU

Грузија со вкупно 108 поени победи на детскиот Евросонг, одржан во ерменскиот главен град Ереван, со песната „Candy music“.

Холандија се пласира на второто место со103 поени, додека трета беше Белорусија со освоени 99 поени. „Честитки за Грузија за триумфалната победа и се разбира за останатите 12 учесници на вечерашното шоу - вие сте сите ѕвезди за гледачите во цела Европа“, изјави Сице Бакер од Европската радиодифузна унија.

Македонија, претставена од Доријан Длака со „Жими овој фрак“, се пласираше на претпоследното, 12-то место пред Летонија, која освои ист број на поени, 31. Најмногу поени, 5, Македонија доби од Молдова, додека македонската „12-ка“ отиде на контото на Бугарија.

Автор: АТ/ макфакс

Редактор: Симе Недевски