Тридневна жалост во Бразил
19 јули 2007Реклама
Во Бразил е прогласена тридневна жалост по катастрофалната авионска несреќа во Сао Паоло во која загинаа 200 лица. По наредба на претседателот Луиз Инасио Силва во тек е истрага за причините поради кои авионот од типот Ербас А 320 на авиопревозникот ТАМ при слетувањето излета од пистата на аеродромот Конгонха и заврши во една бензиска станица. Како можна причина за несреќата се спомнува лошиот систем на дренажа на пистата која неодамна била реновирана.