Трет круг гласање за претседател во албанскиот Парламент
14 јули 2007Реклама
За вечерва во албанскиот парламент е закажан трет круг гласање за претседател на државата. Кандидати, како и во претходните два круга се потпреседателот на владеачката Демократска партија Бамир Топи и поранешниот лидер на Социјалистите Фатос Нано. Опозицијата останува на ставот да го бојкотира и овој круг на гласање и покрај апелот од премиерот Сали Бериша. Кандидатот за претседал треба да добие 84 гласови од вкупно 140 те пратеници во Албанското собрание.