1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Треба да се биде оптимист!

6 јануари 2011

Македонците од Берлин се оптимисти. Веруваат во подобра година и на своите сограѓани во татковината и ширум светот им посакуваат многу здравје и успех.

https://p.dw.com/p/QhQ2
Македонците на оро на прославата на црковната општинаФотографија: DW

Треба да сме оптимисти!“.

Се надевам дека ќе биде побогата, подобра од минатата. Ако не биде, ќе се бара друго чаре! Но, верувам дека ќе биде подобра.“

Дека 2011 ќе биде подобра од претходната година веруваат многумина Македонци од Берлин кои различно, дури понекогаш и дијаметрално спротивно ги гледаат случувањата во татковината во изминатите 12 месеци. Додека едни сметаат дека младите немаат перспектива во земјата, други велат дека живеачката и не е толку лоша. Триесетгодишниот готвач, кој пред микрофонот не сакаше да се претстави и е само неколку месеци во Берлин, го кажува сопственото искуство:

„Во Македонија ситуацијата е многу лоша. Младите во земјата не гледаат егзистенија, особено ако се види колкумина се излезени од државата откако е дозволен безвизниот режим. И јас сум еден од нив...Во новата година очекувам само најдобро за Македонија, за луѓето што сум ги оставил дома.“

Die Mazedonische Botschaft in Berlin Deutschland
Македонија е во срцата на сите иселеници!Фотографија: DW/Padori

Еден, пак, Македонец кој повеќе од триесет години е во Берлин, има ваков коментар:

„Ама јас не гледам голема криза во Македонија. Бев двапати во Македонија и гледам дека луѓето добро живеат. Тука, во Германија, многу наши луѓе немаат доволно работа. Патуваат и по 500 километри на терен, а во Македонија сакаме работата да ни‘ биде до врата. Тоа го нема денес никаде!“

Надеж за подобро!

Киро Стојановски, пак, кој цел работен век го мина во Берлин, надополнува дека младите и во Германија немаат иднина, а за Македонија и да не зборуваме. Секако дека сакаат подобар живот и сакаат да се рамнат со младите од Европа. Коди во Македонија, како што вели, му забележуваат дека во Германија се живее добро, а дека во Македонија луѓето не земаат редовно плати и работат за евтини пари. „Тоа е таа криза во која Европа едноставно не ни‘ дава да одиме напред!“, вели Киро Стојановски.

Понежниот дел од македонското иселеништво, пак, со поголем оптимизам гледа кон иднината. Една Македонка вели дека нејзин впечаток е дека сиромаштијата и не е толку страшна, колку што е неусогласеноста и љубомората кај луѓето. Но, се надева дека работите ќе тргнат на подобро. Надежта мора да остане.

Слободанка расположено дополнува:

„Имам желба во 2011 целата моја фамилија да биде здрава. Малку среќа и се’ најдобро им пожелувам и на сите Македонци кај и да се и кај и да не‘ слушаат“.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска