1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Транспаренси„ од есен со нов претседател

18 август 2005

Основачот на невладината организација Транспаренси интернешенал, Петер Ајген, се повлекува од раководната функција. По 12 години 67-годишниот правник се реши да му ја предаде оваа чувствителна улога во борбата против корпуцијата во светот на некој друг.

https://p.dw.com/p/AeOD
Насловна страна на книгата на Петер Ајген „Мрежата на корупцијата„
Насловна страна на книгата на Петер Ајген „Мрежата на корупцијата„

Во 1993-та година еден топ-менаџер од кругот директори на Светската банка реши да се повлече во предвремена пензија за да и‘ се посвети на борбата против непотизмот и корупцијата. Заедно со уште 10-мина соработници, Петер Ајген ја основа организацијата Транспаренси интернешенал. Под најзината лупа се најдоа шефовите на големите концерни, како и членовите на влади. Освен тоа новата невладина организација како една од поважните задачи си ја зацрта борбата за промена на јавното мнение. Корупцијата, што до тогаш важеше за „кавалирски деликт„ требаше да се оквалификува како казнено дело.

Со слоганот „Корупцијата убива„ Транспаренси на почетокот се обидуваше д укаже на страшните последици од бакшиш менталитетот во земјите во развој. Денес организацијата е застапена во 122 земји, а во 87 има и свои секции. Тие и‘ помагаат на централата во составувањето на годишниот извештај за корупцијата во целиот свет. При тоа татковината на Петер Ајген, Германија, не мора да се срами: таа е на 15-то место од вкупно 145 земји опфатени со извештајот. Тој дава и конкретен пример за тоа како функционира борбата против корупцијата:

„За да дадеме пример, кога ќе има некој голем конкурс, на кој се пријавиле да речеме 10 меѓународни концерни за изградба на брана во вредност од 500 милиони долари, тогаш секој од наддавачите сио мисли дека другите се обидуваат да поткупат. Затоа ние во соработка со локалната власт создаваме пакт на интегритетот, во кој дестте претпријатија писмено се обврзуваат дека нема да подмитуваат. Доколку некој го прекрши пропишани се многу тешки казни, меѓу кои е на пример и црната листа. Во таквата листа на Светската банка веќе се наоѓаат 200 претпријатија, кои не можат повеќе да добијат ниту еден проект што е софинансиран од Светската банка.„

Борбата против корупцијата во неговата татковина исто донесе видливи резултати. Така на пример порано беше сосема нормално митото добиено во странство да се ослободува уште од данок под фирмата на дневници. А актуелната афера во авто-концернот Фолксваген со фирмите за прикривање на паричните трансакции, според Петер Ајген е токму заостаток од истите поранешни времиња.

По повлекувањето од раководната функција во Транспаренси интернешенал, Петер Ајген сака повеќе време да минува со неговата сопруга Гезине Шван, која е Претесдател на Европскиот универзитет Виадрина во Франкфурт на Одра. Таа патем беше и кандидат на владеачката Социјалдемократска партија на Германија за Претседател на државата во 2004-та година, кога беше избран Хорст Келер. Но, Петер Ајген нема потполно да се повлече од активноста за Транспаренси, бидејќи е уверен оти:

„... корупцијата е најважната причина за сиромаштијата во светот, за насилството, за осиромашувањето и безнадежноста во многу општества. Затоа мора да и‘ се спротиставиме со заеднички сили. А тоа конкретно значи дека богатите земји мораат сосоема ригорозно да се борат против систематската корупција што ја практикуваат нивните извозни фирми!„