1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трансверот на власта ги заинтересира Европјаните

18 септември 2006

Опозицијата обвинува дека промената на власат во Македонија се изведува непрофесионално. Владата ги отфелува обвунувањата. Но на трасферот на власата реагираат и европските дипломати.

https://p.dw.com/p/AdcH
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Опозициската СДСМ обвинува дека трансферот на власта во Македонија се изведува непрофесионално, со масовни смени и поставување на партиски кадри на позиции во сите министерства и државни институции. Владата ги отфрла обвинувањата, тврди дека е цврсто решена да не ги прави грешките на претходната владеачка гарнитура. Од конституриањето на кабинетот на Никола Груевски досега, сменети се стотина директори на јавни претријатија и други високи државни функцинери. За повеќето од нив СДСМ има забелешки. Тања Томиќ од оваа партија вели. “Ги повикуваме сите кадри кои се во тесни врски со членовите на Владата, и на премиерот Никола Груевски да си поднесат оставки и да се повлечат од функциите а воедно морално е да повлечат и нивните роднини членови на Владата, од извршување на позициите во извршната власт“.

Трансферот на власта ги заинтересира и донаторите од Европа. Европски дипломати реагирале поради смените на 30 раководители во царината. Ја предупредиле владата дека на тој начин се загрозуваат реформите во оваа институција што ги финансира Холандија и побарале да не се менуваат кадрите вклучени во Твининг програмата. Холандската амбасадорка во Скопје, Фредерика де Ман во интервју за агенцијата Макфакс изјави дека се надева оти новата влада ќе преземе мудри и транспаренти чекори базирани на желбата да се подобри состојбата на обичните граѓани а не заради израмнување стари сметки.

Македонскиот премиер негира дека Европската унија се заканила оти ќе ја запре финансиската помош ако продолжи кадровската чистка на државните функцинери вклучени во реформските процеси. Таквите информации смета Груевски ги пуштале македонските транзициски моќници оти се плашеле од промените. “Олигарските, тие кои што се навикнати да работат на ваков начин. Тие имаат моќ, имаат пари, имаат влијание, тие прават се за да ги спречат промените, во кои што тие нема да можат да работат на начин каков што работеле досега, на грбот на граѓаните. Тие дејстуваат, праќаат писма, ургираат по амбасади, ургираат преку медиуми, наоѓаат свои канали да пуштат некоја информација“.

Попладнево во Македонија доаѓа специјален тим од комитетот за стабилизација и асоцијација. Гостите од Брисел ќе контролираат до каде е спроведувањето на преземените обврски. Клучна забелешка на евродипломатите од директоратот за проширување се очекува поради доцнењето во либерализацијата на телекомуникацискиот пазар.