1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трансатлантски врски: ќе има ли Обама внатрешни сопки?

Петер Штицле / Темјана Поповска10 ноември 2012

Експертите имаат измешани мислења за вториот мандат на американскиот претседател Барак Обама. Едните со надеж дека САД и ЕУ ќе постигнат договор за слободна трговија, додека другите ги гледаат како се оддалечуваат.

https://p.dw.com/p/16gY5
Фотографија: Getty Images

Американскиот амбасадор во Германија веќе немора да се соочува со задачата да им ги објаснува политиките на Мит Ромни на Германците. Со завршувањето на изборите, Марфи рече дека „има апсолутна шанса за двопартиска соработка“ помеѓу демократскиот Претседател и републиканскиот Претставнички дом.

US-Botschafter Philip D. Murphy Wahlparty 2012
Филип МарфиФотографија: picture-alliance/dpa

Републиканците во Конгресот до сега му го отежнуваа животот на Обама, бранејќи го своето мнозинство и губејќи ја контролата во Сенатот, кој е повисока институција од Претставничкиот дом.

Точки на обединување

Не се сите толкави оптимисти. Крег Кенеди, кој работи на одржување на трансатлантските врски како американски претседател на Германскиот маршалов фонд, вели дека меѓу Републиканците во Когресот „сега има помлади и многу конзервативни политичари“.

Кенеди додава дека сега Обама е ослабнат, односно дека додека секој американски претседател при повторниот избор добивал повеќе гласови, Обама всушност загубил гласови. Тоа ќе ги направи Републиканците помалку наклонети кон него, вели тој.

Секако, има точки каде Претседателот и Конгресот можат да се согласат, вели Кенеди. Меѓу нив е и договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ, за кој досега залудно се залагаше германската канцеларка Ангела Меркел.

Flaggen USA und EU
Во вториот мандат повеќе кон надворешната политикаФотографија: picture-alliance/dpa

Демократите и Републиканците треба да постигнат заеднички став дека таков договор е од најдобар интерес за САД, вели Кенеди.

„Проширување на атлантскиот канал

Од друга страна, Еберхард Зандшнајдер од Германскиот Совет за надворешни односи вели дека трговската политика „ќе остане цврста“. Набљудувачите веќе некое време забележуваат дивергентен развој, и Зандшнајдер очекува дека „и покрај реизборот на Обама, Атлантскиот канал пополека ќе се шири“.

Како советник во германската Влада, Зандшнајдер забележува дека „можеби не е најдобро да се биде стратешки фокус на САД“. Ова вообичаено е случај кога има проблеми, како на пример за време на Студената војна.

Deutschland China Politikwissenschaftler Eberhard Sandschneider
Еберхард ЗандшнајдерФотографија: DGAP/dapd

Тој исто така вели дека видел мал потенцијал во движењата на други прашања кои се особено важни за германската надворешна политика, како на пример врската меѓу НАТО и Русија, која беше нагласена за време на американските стратешки планови за противракетна одбрана на Европа. Зандшнајдер вели дека американско-руските односи и за време на вториот мандат на Обама ќе бидат „едни од најтешките“, по оние со Кина.

Берлин го чека Обама

Зандшнајдер додаде дека во наредните четири години, Обама ќе биде зафатен со домашни прашања. Кенеди смета дека повеќето претседатели, затоа што не треба да се грижат за реизбирање во вториот мандат, „се заземаат повеќе за надворешната политика“.

Сепак едно е сигурно: Обама ќе има официјална посета на Берлин. По минатогошиошната посета на Меркел во Вашингтон, Обама ја одржа својата замсила дека ќе биде реизбран. И во честитката Меркел ја повтори својата покана - сега Обама навистина не би можел да ја одбие.