1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трагедија во спортска сала

3 јануари 2006

Досега е официјално потврдена смртта на девет,но властите стравуваат дека овој број не е конечен.

https://p.dw.com/p/AcA9
Спасувачите водат борба со времето
Спасувачите водат борба со времетоФотографија: AP

Во Бад Рајхенхал во Баварија сеуште трае акцијата на спасувачките екипи по вчерашното уривање на покривната конструкција на спортската сала и затворено лизгалиште.Во време на несреќата таму имало околу 50 лица.

Багери и повеќе кранови се пробиваат низ урнатините и снегот.Делумно,спасувачките екипи можат да копаат само со раце,и тоа неуморно го прават.Целата ноќ спасувачите беа неуморни,работејќи во услови опасни по живот.И понатаму постои опасност од пад на покривната конструкција,но и надеж да се стигне до преживеаните,кога кучињата трагачи потрчуваат,на спасувачите срцата посилно им тупкаат.

Кога синоќа беше спасена една жена по шест часа ,премрзната,но жива,радоста беше огромна.Никој не губи надеж дека од урнатините ќе бидат извлечени натамошни преживеани.Руди Цајфт од надлежната пожарникарска служба:

-Сеуште има шанси.Овие воздушни простори внатре,разговарав со еден лекар од итна помош,тој вели дека сеуште има шанси да се најдат живи луѓе.Се разбира,колку поминува времето,шансите с енамалуваат.Ќе копаме се додека го најдеме и последниот затрупан човек.

Ниските температури и снегот ја прават борбата на спасувачите оосбено тешка.Полицијата смета дека има уште жртви.Многумина сеуште се водат као исчезнати.Раководителот на полициската дирекција на градот Траунштајн,Хубертус Андре:

-Вкупно,бројот на исчезнатите проблематичен,зашто не знаемее точно колку луѓе во време на несреќата биле на лизгалиштето.

Во меѓувреме,членови на тимот психолози се грижат за роднините на настраданите.Тие чии блиски сеуште се исчезнати,заедно чекаат пред салата на некаков знак на живот.Георг Грабнер од покраинскиот совет:

-Се разбира дека е лошо кога некој ќе дојде во овој згрижувачки центар.Роднините чекаат на вести и секој прашува за имињата,имиња.Ова е речиси неподносливо за блиските.

Се чини дека е потврдена претпоставката дека во време на несреќата на лизгалиштето имало многу деца и млади вчера попладнето кога се урнал кровот.Тие се потиснати од бетонот,дрва и снежни маси.