Тојота повлекува 2,77 милиони автомобили
14 ноември 2012Со најновата акција за повлекување на возила на автомовилската компанија Тојота се погодени вкупно 2,77 милиони автомобили од 13 различни модели, меѓу нив и успешниот хрибриден модел Приус. Како образложение за повлекувањето, компанијата од Токио упатува на проблеми со управувањето и со пумпата за вода.
Тојота уште соопшти дека нема податоци за инциденти или други оштетувања во врска со дефектите, но добиле 400 жалби во Јапонија во однос на проблемот со водната пумпа и неколку за проблеми со управувањето.
Само во Јапонија на поправка треба да одат 1,5 милиони возила излезени од фабриките на Тојота меѓу 2000 и 2011 година, што претставува досега најголем број при една ваква постапка. Во Германија на проверка мора да одат моделите Авенсис, Корола и Приус 2. Неодамна Тојота поради проблеми со електрониката на прозорите мораше да повлече на поправка речиси 7,5 милиони возила.