1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тони Блер и официјално заминува од функцијата

27 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3hy

Тони Блер денеска беше заплиснат со аплаузи и пофалби на неговата последната сесија на пратенички прашања во британскиот парламент како премиер на државата . Тој денеска ја напушта функцијата премиер на Велика Британија, која ја презема Гордон Браун. Од парламентот тој замина во Бакингемската палата каде и формално ќе и ја предаде својата одлука за повлекување на кралицата Елизабета втора. Поранешниот лидер на лабуристичката партија одлуката за своето повлекување ја соопшти во септември 2006 година. Инаку се очекува Блер официјално да биде именуван за специјален преставник на блискоисточниот мировен квартет. За време на својот мандат Тони Блер беше изложен на големи критики заради британското учество во воените операции во Ирак