1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Тоа е бесрамно“- рекордни цени на бензинот во Германија

6 март 2012

Цените на бензинот во Германија деновиве достигнаа астрономски височини. Оние кои се приморани да одат со автомобил на работа се најтешко погодени. Тие сега смислуваат нови стратегии.

https://p.dw.com/p/14FLk
Фотографија: DW

На бензиските станици во Германија деновиве беше доста мирно. Подобро кажано премногу мирно. Настапи буквално кажано празнина. Тоа не зачудува со оглед дека литар бензин чинеше 1,60 евро. На една бензиска пумпа во градот Келн со своето возило влегува еден Италијанец кој живее во Германија:

„Кога ќе помислам дека во мојата татковина Италија еден литар бензин чини 1,90 центи тогаш цената во Германија дури е и во ред. Се разбира дека одењето на бензиска пумпа никому повеќе не му причинува задоволство, бидејќи цените се превисоки. Но што да се прави?“

Тактика на споредување на цените

Прекупат се паркира едно комбе, натоварено со разни штици. Сопственикот на комбето уредува штандови на саеми. Тој е упатен на своето комбе заради својата професија и актуелните рекордно високи цени на бензините добро го удираат по џебот.

Tankstelle Hohe Benzinpreise
Фотографија: DW

„Тоа е многу забележително во паричникот. Во моментов не гледам друга алтернатива за автомобилот. Кога составувам штандови на саемите морам постојано да одам по материјал, а тоа не може без возило.“

Забележително е дека вообичаено прометната бензиска пумпа во центарот на Келн е речиси празна и тоа во периоди од денот кога многу луѓе се во движење.

Нареден на бензинската пумпа доаѓа еден студент. А најмалку пари имаат токму студентите. Затоа тој има разработено сопствена тактика.

„Напамет знам каде и кога ја намалуваат цената на бензинот и каде е најевтино. Тоа се случува или в петок навечер или во понеделник наутро.“

Нема возење додека се вакви цените

Откако го надополни со дизел резервоарот на своето возило, кој инаку не беше сосема празен, една пензионерка на автоматото можеше да прочита 72,32 евра. А дизелот како што е познато е поевтин од „супер“ бензинот.

Tankstelle Hohe Benzinpreise
Фотографија: DW

„На пумпата кај блиското езеро Филингер-дизелот чини 1,56. Тоа е бесрамно. Овде дизелот уште е и најевтин“, вели пензионерката.

Еден маж непосредно потоа излегува од автомобилот со канистер во раката кој го полни со бензин

„Ако барем малку е поволна цената веднаш го полнам канистерот.“

Покрај тактиката за споредување на цените, некои возачи развија навика етапно да полнат бензин, бидејќи така помалку боли кога астрономските цени на горивата буквално ќе ги удрат по џебот. Тие во последните десет години двократно се зголемија. Во такви моменти помага само една одлука, вели една сопственичка на автомобил чиј резервоар е речиси на „нула“.

„Наредните две недели нема да возам автомобил. Можеби дотогаш ќе се регулираат цените“

Автор: Арне Лихтенберг / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска